Уште една блескава партија на македонскиот репрезентативец, Андреј Јакимовски во дресот на Вашонгтон Стејт. Нашата најголема надеж и неговиот тим се вратија на победите, на домашен терен славеа против Калифорнија со убедливи 82-51.

Јакимовски кој се најде во стартната петорка на својот тим, беше близу до трипл-дабл, постигна 11 поени (3/6 за три поени, 1/4 за два поени), 9 скока и 7 асистенции во најубедливата победа во историјата на колеџот.


sportmedia.mk