logo
logo
logo

Јакимовски и Вашингтон не успеаја да го минат првото плеј-оф коло во НЦАА лигата

Vecer | 11.03.2021

Јакимовски и Вашингтон не успеаја да го минат првото плеј-оф коло во НЦАА лигата

Андреј Јакимовски  и Вашингтон Стејт многу рано го завршија својот пат кон најдобрите „четири“ во НЦАА лигата. Тимот од престолнината го загуби првиот натпревар од плеј-оф турнирот на дивизијата Пацифик-12 што се одржува во Лас Вегас.

Со тоа се практично елиминирани од трката за позиција погоре во актуелната сезона од НЦАА лигата. Кугарс загубија од Аризона Стејт со 64:59, во меч кој беше решен во последните секунди.

Јакимовски не доби голем простор и на овој квалификациски меч. Одигра само четири минути во кои имаше само една украдена топка и еден непрецизен шут за два поена.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk