logo
logo
logo

Јахја: Струга Трим Лум против “лавовите“ ќе атакува на победа!

Vecer | 14.02.2021

Јахја: Струга Трим Лум против “лавовите“ ќе атакува на победа!

Со мечот против Македонија ЃП на свој терен, екипата на Струга Трим Лум ќе ја започне пролетната полусезоната во ПМФЛ. Полусезона во која стружани имаат големи амбиции. Звучи интересно, но во многу сезоната ќе зависи токму од овој натпревар. “Лавовите“ имаат пет бода предност на табелата, и се трети, па ако победи Струга Трим Лум која е четвтрта ќе им се приближи на само два.

Тоа го знае и младиот Абдулхади Јахја, еден од најдобрите фудбалери на Струга Трим Лум.

“Нема сомневање дека не очекува тежок натпревар, натпревар кој е многу значаен за нас. Ние сме максимално подготвени, ќе се бориме до последната секунда од мечот за тие три бода да останат во Струга. Не криеме дека Струга Три Лум ќе атакува на победа“ изјави за СПОРТМЕДИА, Абдулхади Јахја.

Мечот е во рамките од првото пролетно коло, започнува во 14 часот и се игра на Градскиот стадион во Струга.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk