logo
logo
logo

Јахја: Струга ТЛ против Шкупи игра екстра важен меч, можеби меч за Европа!

Vecer | 28.04.2021

Јахја: Струга ТЛ против Шкупи игра екстра важен меч, можеби меч за Европа!

Струга Трим Лум денеска против забревтаниот Шкупи со Гоце Седлоски на клупата, на свој терен во Струга игра меч кој можеби ќе решава дали ова лето ќе игра во Европа или не. Остануваат уште четири кола до крајот, Македонија ЃП е трета со само бод предност, па ете шанса за Струга ТЛ со добри игри и добри резултати да испише клупска историја.

Сите се свесни во таборот на стружани дека нема воопшто да биде лесно, напротив, но сепак се верува во себе.

Тоа го вели и младиот офанзивец на Стружани, Абдулхади Јахја:

Сите ние во Струга Трим Лум очекуваме тежок натпревар. Играме екстра важен меч, меч кој ни значи многу во борбата за тоа трето место и можеби за излез во Европа. Максимално сме подготвени за оваа средба, ќе се бориме до последната секунда за да бодовите останат во Струга“.

Поради пет жолти картони на оваа средба за Струга ТЛ нема да настапи Таири, а кај гостите пак Трапановски.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk