Барселона – Лас Палмас 1:2. Ова е епилогот од денешниот меч на “Монжуик“ во рамките на 15.коло во Ла Лига. Кој ли можеше да претпостави дека еден Лас Палмас ќе му “врачи“ ваква честитка по повод 125 роденден на каталонскиот гигант.
Сензационално, неверојатно, шокантно за Барса, но сосема заслужено за тимот од Канарските острови.
По единаесет врзани победи на “Монжуик“, Барса ете денеска не само што не победи туку и загуби.
Ова сигурно дека најмногу ќе ги израдува “кралевите“ кои имаат четири бода помалку до Барса, но и два меча помалку. Ова значи дека математички сега Реал Мадрид е прв на табелата.
Дали полека, но сигурно, ја снемува магијата на Ханси Флик? Интересно, и на овој меч Ламине Јамал не беше стартер и на овој меч кога не е така Барса не може да победи.
Да ги споменеме и стрелците.
Рамирез во 49.минута стрелаше за 0:1, Рафиња израмни во 61.минута и кога се чинеше дека пресвртот е тука, Силва во 67.минута ги постави конечните 1:2.
Каква победа на Лас Палмас? Каков пораз на Барселона?