logo
logo
logo

Ја напушта Бундеслигата и ќе игра во полски третолигаш

Vecer | 29.04.2021

Ја напушта Бундеслигата и ќе игра во полски третолигаш

Не помина предомислувањето на Лукаш Пишчек наместо сега, да замине во „пензија“ идната сезона. Пишчек се врати во составот на Борусија Дортмунд на гостувањето кај Волфсбург, и покажа дека може уште да игра. Донесе стабилност во одбраната, нешто што недостасуваше. Токму од тука „милионерите“ се обидуваат да го задржат, но тој веќе донел одлука.

„Ќе се вратам во Полска, во мојот матичен тим Гошалковице. Можеби ќе поиграм таму за забава, а ќе почнам да работам и во школата, која стартува идната сезона“, рече Пишчек за германските медиуми.

Пишчек е легенда на Борусија Дортмунд, за која одигра преку 300 натпревари и веќе 11 години е дел од „милионерите“.

Гошалковице е тим кој настапува во третата лига во Полска, заедно со Рух Хоржов, некогашниот прволигаш. На Пишчек му беше понудено и да остане во раководните структури на Борусија Дортмунд, но и тоа го одби, со цел да се врати во својот матичен тим каде што во раководството е и неговиот татко.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk