logo
logo
logo

ЈА ИЗДАДЕ РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА, ЈА ИЗДАДЕ ЦЕЛА НАЦИЈА, ЗА МЕНЕ СИ МРТОВ! Бура во Хрватска, после Просинечки се јавил ЌИРО

Vecer | 02.07.2021

ЈА ИЗДАДЕ РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА, ЈА ИЗДАДЕ ЦЕЛА НАЦИЈА, ЗА МЕНЕ СИ МРТОВ! Бура во Хрватска, после Просинечки се јавил ЌИРО

ЈА ИЗДАДЕ РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА, ЈА ИЗДАДЕ ЦЕЛА НАЦИЈА, ЗА МЕНЕ СИ МРТОВ! Бура во Хрватска, после Просинечки се јавил ЌИРО

Напад на селекторот и лошата игра не му простуваат на Анте Ребиќ  дури ни оние на кого бил миленик.

Пукна љубовта меѓу Ќир Блажевиќ и Анте Ребиќ. Пред првенството “тренерот на сите тренери“ зборувал како Ребиќ му е омилен играч, но тоа се сменило.

Крилниот напаѓач на Милан одиграл многу лош турнир, бил директен виновник за првиот гол кои Хрватите го примиле од Шпанија, а потоа го критикувал и тренерот Далиќ. Ребиќ се огласил на Инстаграм а тоа Ќиро не му го простува!

“Многу ми е жал бидејќи Ребиќ  беше мој љубимец. После оваа негова лоша изјава, тој за мене, а мислам и за репрезентацијата, е мртов “, рекол Блажевиќ.

Познат по остриот јазик тој отишол и понатаму. Не само што Ребиќ со овој гест го изнервирал него, туку и целата нација.

“Тоа не се опростува, тоа е најлошо што еден играч може да каже. Тој го издаде Далиќ, но не само него, туку цела нација“, Додал Ќиро и се присетил како се добро функционирало кога се нижеле успеси.

“Сите млади жени во Хрватска биле заљубени во него! Беше навистина одличен, и Далиќ му беше тогаш најдраг. Сега откако го направи тоа што го направи... Ништо не донесе во утакмиците на Евро, го загуби секој кребилитет, а со оваа изјава покажал дека не е спортиста. Многу ми е жал“, нагласил Блажевиќ.

Не се само бившите и сегашните тренери на Хрватска кои влегле воконфликт со Ребиќ. Тоа неодамна го направил и Роберт Просинечки, на многу суптилен начин.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk