„Изворска СПОРТ“ ги освежува младите фудбалери кои се дел од кампот на Реал Мадрид во Скопје

За првпат на Балканот, Скопје ја има честа да биде домаќин на фудбалскиот камп на Фондација на Реал Мадрид.

Почнувајќи од вчера (11 јуни) па се до 15 јуни, на комплексот во куќата на фудбалот, повеќе од стотина момчиња и девојчиња од 7 до 17 години, ќе бидат учесници на кампот кој е во организација на компанијата „Спорт арена“.

На вчерашното свечено отворање присуствуваа претставници на Владата, Агенцијата за млади и спорт, Фудбалската федерација на Македонија и секако, најповиканите, младите фудбалери кои во наредните пет дена ќе го искусат Campus Experience Macedonia.

„Кожувчанка“ вчера беше дел од свеченото отварање на фудбалскиот камп и како општествено одговорна компанија и натаму ќе се труди и ќе биде поддржувач на вакви спортски настани, за да се поттикне спортскиот дух кај најмладите.

Од компанијата информираат дека за време на спортските активности во Кампот потребно е постојано консумирање на вода, па затоа новата „Изворска СПОРТ“ од 0,75 литри ќе биде достапна за секое дете во Кампот.

„Во насока на здравиот живот, сите учесници на фудбалскиот камп ќе имаат можност да се хидрираат и да ги надополнат изгубените количества на течности со производите на ‘Кожувчанка’. ‘

Кожувчанка’ како долгогодишен спонзор на спортски настани во Македонија секојдневно е поддржувач на здравиот живот и спортувањето“, додаваат од компанијата.

 

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари