logo
logo
logo

Изречени казните за хасот во Тетово: Суспнезија за Јетмир и Лејсон Зекири, но и за делегатот и судиите на мечот!

Vecer | 21.04.2021

Изречени казните за хасот во Тетово: Суспнезија за Јетмир и Лејсон Зекири, но и за делегатот и судиите на мечот!

Натпреварот меѓу Тетекс и Чаир во рамките на последното коло од регуларниот дел во Втората лига го одбележа инцидент во 13. минута при убедливо водство на гостите од 13-30. На теренот во еден момент настана вистински хаос, играчите на двата тима влетаа на теренот, следеше физичка пресметка, која брзо беше спречена.

На оваа средба судиите доделија 11 технички грешки и две исклучувачки грешки. Од мечот беа исклучени Јетмир и Лејсон Зекири од Чаир 2030. Двајцата кошаркари по одлуката на судиите реагираа брзо се обидоа да ги нападнат и судиите, но беа спречени веднаш.

Токму затоа тие заработија суспензија и парични казни. Јетмир нема да игра само еден меч и ќе плати 24.000 денари, додека пак Лејсон ќе одмара два натпревари и ќе треба да плати 50.000 денари.

Суспензии на оваа средба заработија и официјалните лице. Делегатот Терзиевски доби забрана за вршење на должност од четири меча, иста казна им е изречена и на судиите.

За Чари ова ќе биде голем удар, дуелите за место во елитата почнуваат денеска, овој тим игра против Борец.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk