Атлетика

Ивановски и Бакрачи најбрзи на "Скопје трча 10 километри" (ФОТО)

Над 900 натпреварувачи го исполнија булеварот "Илинден" за "Скопје трча 10 километри". Во одлична атмосфера и натпреварувачки дух еден од најдобрите македонски атлетичари, Дарио Ивановски заврши на првото место со време од 30:55 минути, втор беше Муса Хајдари, додека на третото место заврши Атанас Анчевски

Кај дамите прва беше Греса Бакрачи, која истрча за 40:04 минути, додека на сторото место заврши Весна Кираџиева, а трета беше Биљана Кираџиева.

Од штафетната трка најдобри беа 091 RUNSRW со време од 37:20 минути, додека веднаш зад нив беа Pat & Mat.

Организатор на трката беше Сојузот на спортови на Скопје, во соработка со Атлетскиот клуб Работнички и Атлетската федерација на Македонија, кои веруваат овој настан да стане традиција во нашата држава.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари