logo
logo
logo

Италијанците со три бода од Софија, Швеѓаните пресилни за Косово (видео)

Vecer | 28.03.2021

Италијанците со три бода од Софија, Швеѓаните пресилни за Косово (видео)

Во денешните натпревари од квалификациите за СП 2022, во Софија домашната репрезентација на Бугарија загуби од Италија со 0:2 со што го впиша вториот пораз. Белоти од пенал ги доведе „Аѕурите“ во водство во првото полувреме, а во вториот дел погоди Локатели за конечен триумф.

Швеѓаните впишаа нови три бода. Со Ибрахимовиќ во стартниот тим, Швеѓаните лесно минаа во Приштина. Ибра асистираше за водечкиот гол на Аугустисон во 12. минута, а потоа реализираше и Исак.

Ибрахимовиќ излезе во 67. минута, а последниот гол за конечна победа од 0:3 на Швеѓаните го постигна Себастијан  Ларсон од пенал.

Од поинтересните мечеви го издвојуваме и дуелот Украина-Финска кој заврши 1:1. Поведе Украина со гол на Мораеш, а бод спаси Тему Пуки со погодок од пенал во 89 минута.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk