logo
logo
logo

Истрагата е завршена: Готово е, “Кајзер“ Франц е слободен!

Vecer | 26.02.2021

Истрагата е завршена: Готово е, “Кајзер“ Франц е слободен!

Како што извести ФИФА, нејзиниот етички суд ја затвори истрагата против Франц Бекенбауер, поради наводно давање мито и тоа поради застареност.

Бекенбауер, кој беше главен во организацијата на СП во Германија 2006, со уште неколку свои соработници, се теретеше дека во 2002 година му дал 10 милиони франци на Мохамед Бин Хаман како би помогнал Германија да ја добие организацијата на Мундијалот.

Швајцарскиот федерален суд покрена официјална истрага, но таа лани беше завршена, односно прекината, исто така поради застареност.

Инаку етичкиот суд на ФИФА ја покрена својата истрага во 2016 година, но ете, толку беше, “Кајзер“ Франц е слободен и официјално.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk