logo
logo
logo

Истрагата е прекината: И официјално дуелот ПСЖ – Ц. Звезда не бил наместен!

Vecer | 12.05.2021

Истрагата е прекината: И официјално дуелот ПСЖ – Ц. Звезда не бил наместен!

После цели 30 месеци или речиси три години и официјално натпреварот од групната фаза во ЛШ меѓу ПСЖ и Ц. Звезда сепак бил чист, односно не бил наместен. Имено денеска француското државно обвинителство реши да ја прекине истрагата и да го затвори случајот.

Да се потсетиме дека овој меч се одигра на 30 септември 2018 година и заврши со резултат 6:1 за “светците“, а истрага беше покрената поради наводните докази дека висок функционер на Ц. Звезда наводно се обидел да уплати 5 милиони евра на победа на ПСЖ со разлика од пет голови.

И двата клуба жестоко ги демантираа овие наводи, но сепак истрага имаше, а сега истата е прекината.

Правдата е спора, но е достижна. Ова е голема победа на Ц.Звезда, но и на фудбалот воопшто“ искоментира попладнево генералниот директор на Ц. Звезда, Ѕвездан Терзиќ.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk