logo
logo
logo

ИСТОРИСКИ НЕУСПЕХ НА ФЕДЕРЕР: Сега ни АТП не може да го „спаси“, овој играч е ноќен кошмар за Швајцарците

Vecer | 12.10.2021

ИСТОРИСКИ НЕУСПЕХ НА ФЕДЕРЕР: Сега ни АТП не може да го „спаси“, овој играч е ноќен кошмар за Швајцарците

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер нема да биде меѓу десет најдобри тенисери во светот на АТП листата која ќе се појави следниот понедлник.

Иако светската тениска асоцијација последните години често ги менуваше правилата на бодирање, која неретко му одеше во прилог на Швајцарецот, кој поради повреда повеќе време е вон теренот, сега сепак го загуби своето место на врвот.

На Федерер тоа последен пат му се случило во јануари 2017 година, кога го зазема 16 место.

Причината за ваквото поместување на листата, лежи во пласманот на Хуберт Хурчак во осмина финале во Индијан Велс. Полјакот го победи Френсис Тијофа (6:3, 6:2) и со тоа  си обезбеди мегдан со Аслан Карацев, а на Швајцарецот му го одзеде местото во елитното друштво.

Хуркач освои доволно бодови колку што беа доволни да го тргне Роџер Федерер од десеттата позиција, но Швајцарецот може дополнително да уназадува, бидејќи Италијанецот Јаник Синер, во случај на победа над Џон Изнер има можност дополнително да го спушти.

Интересно е што Федерер последниот меч го одигра на Вимбелдон, кога го беше поразен баш од Хуркач

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk