logo
logo
logo

Историја на Џиро д’Италија!

Vecer | 17.05.2022

Историја на Џиро д’Италија!

Еритреецот Биниам Гирмај е победник на 10-тата етапа од велосипедската трка Џиро д’Италија и со тоа се впиша во историјата како прв црнец кој остварил етапна победа на култната трка низ Италија.

Членот на екипата на Интермарш-Ванти-Гобер 196 км долга патека од Пескара до Јези ја поминал за 4 часа, 32 минути и 7 секунди. Второто место во завршниот спринт го освои Холанѓанецот Матје ван дер Пул (Алпесин-Феникс), додека трет беше Италијанецот Винченцо Албанезе (ЕОЛО-Комета).

Инаку во вкупниот поредок на Џирото води Шпанецот Хуан Педро Лопес (Трек-Сегафредо) со 12 секунди предност пред Португалецот Жоао Алмеида (ОАЕ Тим Емирејтс).

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk