logo
logo
logo

ИСТОК: Да се знае кој е кој, Брегалница го демолираше Тиквеш со 5:0....

Vecer | 15.05.2021

ИСТОК: Да се знае кој е кој, Брегалница го демолираше Тиквеш со 5:0....

Каков натпревар за Брегалница за простување од Втората лига и враќање во елитата. Штипските “сини“ со 5:0 просто го демолираа Тиквеш, го уништија, и му покажаа во моментов кој е кој. Па така Брегалница без пораз ја заврши својата перфектна сезона и од следната ќе игра во Првата лига.

Ова требаше да биде дерби во последното 27.коло во ВМФЛ – ИСТОК, но не беше. Едноставно Брегалница е предоминантна во однос на овој Тиквеш.

Сепак треба да се каже дека кавадарчани од 29.минута играа со играч помалк, откако Мојсов доби директен црвен картон.

Стрелци на головите за Брегалница беа Додев, Наумовски, Манев и Кудев.

Слога (В) со 1:0 го победи Кит Го. Во Прилеп домапната Победа водеше со 2:0 против Кожуф, но гостите на крајот дојдоа до 2:2. Прилепчани имаат замерки на судијата Костенчев кој според нив досуден непостоечки пенал за гевгеличани.

Саса со 3:0 го победи Росоман,додека Плачковица со 2:0 славеше против Осогово, тим кој што во поголемиот дел од средбата играше без голманот Размоски кој се повреди и мораше да биде пренесен во болница. Гостите немаа втор голман па мораше на голот да застане играч.

Со ова коло заврши и официјално ВМФЛ – ИСТОК за сезоната 2020/2021.

Брегалница се пласира во ПМФЛ, Тиквеш ќе игра бараж за елитата, а од лигата испаднаа Плачковица и Росоман.

РЕЗУЛТАТИ ЗА 27.КОЛО

САСА – РОСОМАН 3:0

ПЛАЧКОВИЦА – ОСОГОВО 2:0

ПОБЕДА – КОЖУФ 2:2

СЛОГА (В) – КИТ ГО 1:0

БРЕГАЛНИЦА – ТИКВЕШ 5:0

ТАБЕЛА

1.БРЕГАЛНИЦА 73

2.ТИКВЕШ 61

3.КИТ ГО 42

4.КОЖУФ 36

5.СЛОГА (В) 36

6.САСА 35

7.ОСОГОВО 29

8.ПОБЕДА 27

9.ПЛАЧКОВИЦА 21

10. РОСОМАН 9


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk