Малку недостасувало Баерн Минхен да не изгледа вака како што изгледа во моментов, и тоа поради еден тренер – Нико Ковач.

Во јавноста во Германија исплива комуникација меѓу играчите, во која сите се незадоволни и најавуваат дека ќе заминат доколку Ковач остане на клупата.

Играчите кои сакале да го напуштат тимот во тоа време се Зиле, Милер, Боатенг и Кимих.

Зиле сериозно ја разгледувал понудата од Англија, додека Боатенг, Кимих и Милер исто така најавиле дека ќе си одат.

Ковач есента 2019 година добил отказ, а тоа сега е јасно дека е поради барањето на играчите.

Потоа клупата ја превзеде Ханс Флик, и добро е познато дека освои се што можеше да се освои. Флик на крајот од минатата сезона го напушти Баерн, и ја превзеде Германија, а сега Баерн го води Јулијан Нагелсман.

 

sportmedia.mk