logo
logo
logo

Испишаа историја и порачаа: Одиме по двојната титула (ФОТО)

Vecer | 08.05.2021

Испишаа историја и порачаа: Одиме по двојната титула (ФОТО)

Баскет Кам испиша историја, за првпат во својата клупска историја дојде до пехарот во Купот на Македонија. Во финалето кошаркарките на новиот освојувач на тронот во ова натпреварување одиграа доминантно против Бадел и сосема заслужено се радуваа.

МВП признанието и припадна на Гобелиќ, која постигна 25 поени и 9 скока.

По доделувањето на медалите, од Баскет Кам порачаа дека одат по двојната титула.

„Презадоволена сум, искрено ја очекувавме оваа победа. Им честитам на соиграчките за играта. Се надевам на уште повозбудливо финале во плеј-офот. Мило ми е што се придонесува за развојот на женската кошарка. Се надевам дека сезоната ќе ја завршиме со двојна титула“, изјави македонската репрезентативка, Анжелика Митрашиновиќ која блескаше и на двете средби.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk