logo
logo
logo

Иштван ВАР де Ковач! „Убиецот“ на Македонија...

Vecer | 21.06.2021

Иштван ВАР де Ковач! „Убиецот“ на Македонија...

Со пораз си одиме од историското ЕП. По многу нешта овој настап на нашите фудбалери ќе го паметат генерации и генерации. Иако си одиме дома без ниту еден бод, нашите фудбалери имаа свои минути, свои добри страни, но сетo тоа e недoволно.

Вечерва во Амстердам се случи тешка кражба. Кражба по која Холандија стигна до 1:0, го отвори резултатот, ја разби нашата одбрана, а потоа се беше полесно за „портокаловите“.

Играчот на натпреварот е Иштван ВАР де Ковач. Судијата од Романија со унгарско потекло. Дресерот на „миленичиња“ кој е залутан на ова ЕП. И тој и неговите „другари“ во ВАР собата. Многу калкулантско судење во првиот дел, еден, втор, трет недосуден фаул за нашиот тим во зоната на ударот. Капак на се се случи во 27. минута. Старт кој сите го видоа, но не и Ковач кој е само на 3-4 метри од настанот, фаул кој се гледа од авион. Контра која со гол ја круниса Депај и негатива по која ние и не се вративме.

Затоа порака до УЕФА!!! Наградата за играч на натпреварот за дечкото со дрес на Холандија и со име Иштван ВАР де Ковач.

Вакви „убијци“ од судии не се потребни на вакви големи натпреварувања!

Очајниот судија не е оправдување за поразот од 3:0 на Македонија од Холандија, но е причина за промена на текот на натпреварот. Грешки на судиии па и на ВАР не се дозволени. За нас ги видоа сите офсајди, пенали, фаули… а за ривалите како да важеа некои други правила.

Ова не е во рамките на „фер плејот“

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk