logo
logo
logo

Исчезна екс играчот на Виљареал и репрезентативец на Уругвај

Vecer | 07.03.2021

Исчезна екс играчот на Виљареал и репрезентативец на Уругвај

Некогашниот младински репрезентативец на Уругвај и член на тимот на Виљареал, Франко Акоста исчезнал откако се обидел заедно со неговиот брат да ја премине реката Канелонес во својата татковина.

Некогашната голема уругвајска фудбалска надеж кој по серијата добри игри во националните младински селекции премина во Виљареал но никогаш не го исполни својот потенцијал во моментов е член на второлигашот Атенас, а вчера заедно со својот брат преминувајќи ја реката исчезнал во нејзините води.

ПОлицијата и крајврежната стража веднаш биле алармирани, и тие се во потрага по 25. годишниот фудбалер но како што јавуваат локалните медиуми има многу мали шанси тој да биде пронајден жив.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk