logo
logo
logo

ИОК не отстапува: Олимпијадата ќе се одржи и во случај на вонредна состојба

Vecer | 21.05.2021

ИОК не отстапува: Олимпијадата ќе се одржи и во случај на вонредна состојба

Олимписките игри во Токио ќе се одржат  дури и ако биде прогласена вонредна состојба поради пандемијата со Ковид-19 во главниот град на Јапонија.  Ова го изјави шефот на координативната комисија на Игрите, Џон Коутс на состанокот на Интернационалниот олимписки комитет (ИОК).

„Игрите ќе се одржат дури и ако режимот за вонредна состојба е во сила за време на Игрите во Токио. Сега Јапонија успешно ги помина тест-турнирите во пет спортови, додека земјата беше во вонредна состојба, па нема сомнение дека Игрите ќе се одржат и во ваква ситуација“, тврди Коутс

Исто така, организацискиот комитет на Олимпијадата соопшти дека тестирањето за коронавирус ќе биде редовно за сите учесници на Игрите за време на сите денови од престојот на спортистите.

„Ние ја поздравуваме вакцинацијата на учесниците на Игрите, но не се потпираме целосно на тоа. PCR тестирањето ќе биде редовно, без оглед на тоа дали спортистот, друг учесник на Игрите, е вакциниран или не. Редовното тестирање е она на што ќе се потпреме“, дополннил Коутс .


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk