logo
logo
logo

Инзаги: Против Сити ќе треба да трчаме и ќе треба да играме со срце и памет

Vecer | 09.06.2023

Инзаги: Против Сити ќе треба да трчаме и ќе треба да играме со срце и памет

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги го коментираше претстојното финале во Лигата на шампионите против Манчестер Сити. Италијанскот стратег знае колку тешка задача го чека неговиот тим, но изјави дека неговите играчи се мирни и подготвени за големата пресметка.

Знаеме каков натпревар не очекува, знаеме дека Сити е врвен тим. Тие се најдобриот тим во светот во моментов. Тоа го докажуваат дури и кога победуваат. Горди сме што сме на оваа сцена и ќе дадеме се од себе. Ќе играме со тотална концентрација и ќе мора да ги сведеме грешките на минимум. Ова е наш 57 натпревар сезонава. Беше долга сезона, имавме високи и падови, но научивме од загубите и растевме. Нашите напори не доведоа до овој момент“, прокоментира Инзаги.

 

На крајот од сезоната се снајдовме добро, сега сфативме што постигнавме. Утре одлучувачки ќе биде средниот ред, но и другите области. Ќе треба да трчаме и ќе треба да играме со срце и памет. Мора да останеме фокусирани. Имаме голема шанса да испишеме историја. Ќе биде исклучително тешко да се победи, но ќе работиме како еден за да го направиме тоа“, додаде тој.

Смирени сме и подготвени за овој момент. Нивото на тензија ќе се зголеми, но ние сме подготвени и не можеме да чекаме. Сакам да им се заблагодарам на навивачите за поддршката оваа сезона во Европа. Среќен сум што работам со оваа одлична група играчи. Не би ги заменил за ништо на светот. Се уште постои одредена неизвесност околу составот. Наскоро имаме тренинг и потоа ќе одлучиме“, додаде тренерот.

 

Во врска со Ерлинг Халанд, тој рече: „Знаеме каков голем играч е. Ќе го следиме внимателно, но ќе ги следиме и другите играчи на Сити. Мора да го запреме Халанд, но и другите“.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk