logo
logo
logo

Инзаги: Не е лесно да се игра против екипа која освои шест едноподруго трофеи

Vecer | 23.02.2021

Инзаги: Не е лесно да се игра против екипа која освои шест едноподруго трофеи

Вечерва во рамките на осминафиналето на Лигата на шампионите ќе играат Лацио и Баерн. Тренерот на италијанската екипа Симоне Инзаги изјави дека речиси е невозможно да се игра против актуелниот европски и светски шампион Баерн Минхен но и дека неговата екипа ќе се потруди да остане во елитната клупска лига.

Баерн стана клупски шампион, одиграа нерешено и ги изгубија последните два меча, меѓутоа претходно имаа пет едноподруго победи. Овој меч е шлаг на тортата на работата што ја работевме досега, а јас се концентрирам на силата на Лацио, а не на слабостите на Баерн“, рече Инзаги.

Лацио вечерва од 21:00 часот на „Олимпико“ ќе игра со Баерн.

Ќе се обидеме да одиграме најдобро како што секогаш се трудиме. Сакаме да останеме во трката на секој начин. Знаеме дека против нив е невозможно да се игра, но успевавме во минатото и покрај тоа што не сме фаворити. Зрели сме, минатата година игравме во неколку финалиња и во четвртфиналето на Лига Европа“, вели Инзаги на кого овој меч му е врвот во петгодишната работа со екипата.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk