logo
logo
logo

Интер продолжува победнички - триумф и во Торино (видео)

Vecer | 14.03.2021

Интер продолжува победнички - триумф и во Торино (видео)

Екипата на Интер продолжи да реди победи и да трча кон „Скудетото“. Момците на Антонио Конте денеска ги освоија бодовите на гостувањето кај Торино со тоа што победија со 1:2. Лукаку од пенал во 62 минута ги донесе „Нероаѕурите“ во водство, но изедначи Санабрија осум минути подоцна.

Сепак, трите бода за Интер ги обезбеди Лаутаро Мартинез во 85. минута.

Интер е прв со 65 бодови по 27 кола, Милан е втор со 56 од 26 меча. Торино е дури на 18. позиција.

Во попладневниот термин Парма со 2:0 ја совлада Рома со голови на Михаила и Хернани.

Во терминот од 12:30, играа Болоња и Сампдорија и победија домаќините со 3:1 (Бароу, Сванберг, Соријано – Кваљарела).

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk