logo
logo
logo

Интер остана без еден од клучните играчи, мора да операција

Vecer | 11.03.2021

Интер остана без еден од клучните играчи, мора да операција

Интер во завршницата на сезоната ќе биде без еден од најголемите ѕвезди. Артуро Видал во петок оди на операција, потврди клубот од Милан.

33-годишниот фудбалер мора да прави атроскопија на менискусот на левото колено.

Од минатото лето, Видал одигра 30 меча и постигна два гола. Против Аталанта во понеделникот се врати во стартната постава, но излезе во 52. минута.

Засега нема информации колку време ќе го нема на теренот, но стандардниот период за опоравување е шест недели. Дури и порано да се врати на тренинзите ќе му треба време да се врати во форма, па се очекува лидерот во Серија А да го има во завршницата на сезоната.

До крајот на првенството остануваат уште 12. кола, Интер го држи врвот со шест бода пред Милан и 10 пред Јувентус.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk