logo
logo
logo

Интер му спрема нов, побогат договор на Конте!

Vecer | 06.04.2021

Интер му спрема нов, побогат договор на Конте!

Антонио Конте би можел подолго да остане на клупата на Интер. Во својата втора сезона како стратег на “неро-аѕурите“ тој е на чекор до Скудетото и тоа на радост на кинеските газди на клубот од Милано. Стивн Жанг знае тоа да го цени, па затоа му подготвува нов, побогат договор на својот тренер со цел да го натера да остане во Интер и по јуни 2022 кога му истекува сегашниот договор.

Да потсетиме, Конте е убедливо најплатениот тренер во Серија А со 12 милиони евра годишна плата, а според “Газета“ новиот договор би требало да изнесува 13,5 милиони евра.

Така е тоа кога се има успеси, кога на дофат се трофеите. Пред извесно време Жанг и Конте не се “мирисаа“, тоа не го криеја и двајцата, но сега се е поинаку.

Сега Конте треба да каже „ДА“ на новиот договор. Услов од негова страна било ова лето да му се донесат 2-3 екстра квалитетни засилувања, целта е јасна. Натамошна доминација во Италија во следните неколку години и секако поголем успех во Лигата на Шампионите.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk