Интер може да се промовира во шампион на Италија уште на крајот на оваа недела. По резултатите од 33. коло „нероаѕурите“ се на врвот со 11 поени повеќе од второпласираната Аталанта, а до крајот на сезоната останаа уште пет кола.

Во сабота Интер му гостува на Кротоне, а се очекува тимот на Антонио Конте да ги освои бодовите без проблем. Ако Интер победи на тој меч, а Аталанта не победи на гостувањето кај Сасуоло ден подоцна, тогаш уште во недела Интер може да ја празнува 19-тата титула во Серија А и прва од сезоната 2009/10, кога гигантот од Милано ја освои тројната круна под раководство на Жозе Мурињо.

Интер има 24 победи, седум ремија и само два порази во досегашниот дел од сезоната.

 

sportmedia.mk