logo
logo
logo

Интер Мајами му нуди нов договор на Меси

Vecer | 23.11.2024

Интер Мајами му нуди нов договор на Меси

37-годишниот Лионел Меси веќе втора година е во МЛС лигата, а во екипата на Интер Мајами се надеваат на продолжување на соработка. Меси има договор кој ќе истече на крајот на 2025 година, што не значи дека ќе биде и крај на неговиот престој на Флорида.

„Меси е под договор во 2025 година, а ние ќе седнеме и ќе разговараме за иднината. Како што кажав претходно и повторувам сега, целосно очекувам Лионел Меси да биде нашата 10-ка кога ќе го отвориме новиот стадион во 2026 година“, вели Хорхе Мас, ко-сопственикот на тимот.

Тој се надева дека Интер Мајами генерално ќе има силен тим следната година.

„Ќе направиме се за да го изградиме најдобриот тим кој може да се натпреварува во 2025 година, каде што знаеме дека ќе треба да учествуваме на неколку турнири како Лигата на шампионите во КОНКАКАФ, Светското клупско првенство и Лига купот“, дополнил.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk