logo
logo
logo

Интер им дозволи на Лукаку, Ериксен, Брозовиќ... да заминат во репрезентациите

Vecer | 23.03.2021

Интер им дозволи на Лукаку, Ериксен, Брозовиќ... да заминат во репрезентациите

Интернационалците од екипата Интер, вклучувајќи ги Ромелу Лукаку, Кристијан Ериксен и Марсело Брозовиќ, добија негативни тетсови на Ковид-19 и ќе имаат право да играат за своите репрезентации.

Локалните здравствени власт во Италија им забранија на „нероазурите“ да патуваат во странство минатата недела, а саботниот натпревар против Сасуоло беше одложен откако се појавија четири случаи на Ковид-19 во тимот.

Сепак, тестовите направени деновиве дадоа негативни резултати и на играчите на Интер им беше дадена можност да с евратат на тренинзи, а странските фудбалери да можат да заминат во своите репрезентации.

Ромелу Лукаку отпатува во Белгија, каде што по пристигнувањето направи нов тест и тој бил негативен, а напаѓачот веќе тренира со својата репрезентација.

Кристијан Ериксен, Шкрињар, Марсело Брозовиќ и Иван Перишиќ исто така заминаа во своите земји, каде ќе настапат за репрезентациите на престојните квалификациски дуели.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk