logo
logo
logo

Интер го освои „Артемио Франки“ и ја продолжи одличната низа против Фиорентина (видео)

Vecer | 05.02.2021

Интер го освои „Артемио Франки“ и ја продолжи одличната низа против Фиорентина (видео)

Фото: FC Inter Twitter

Екипата на Интер освои три бода на незгодното гостување кај Фиорентина во 21.коло на Серија А. Вечерва „нероаѕурите“ славеа на „Артемио Франки“ со 2:0 што беше осми меч по ред без пораз во дуелите со Фиорентина.

Резултатот го отвори Никола Бареља во првото полувреме, а конечниот резултат го постави Иван Перишиќ во 52 минута.

Интер ја продолжува трката по „скудетото“, се качи на првото место со поен предност во однос на градскиот ривал Милан кој својот меч од 21. коло ќе го игра во недела против Кротоне.

Фиорентина е на 12 место со 22 поени и го има најлошиот клупски ефект после сезоната 2001/02 (по 21 меч).


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk