Фудбалерите на Интер се првите полуфиналисти на Купот на Италија. „Нероаѕурите“ го продолжуваат патот кон одбрана на трофејот откако вечерва ја совладаа одличната Аталанта со 1:0 во четвртфиналното дерби.

Решавачкиот гол го постигна Матео Дармијан на асистенција на Лаутар Мартинез во 57. минута.

Преостанатите три четвртфинални средби ќе се играат утре и задутре, а се среќаваат Кремонезе – Рома, Фиорентина – Торино и Лацио – Јувентус.


sportmedia.mk