Така е кога играат Победа и Вардар, посебно во Прилеп на стадионот “Гоце Делчев“. Прекрасна глетка на трибините, имаше најмалку 3.500 гледачи, но и несакани случки во последните минути од оваа пријателска средба.

Се играше 92.минута кога на центарот на игралиштето гостинскиот фудбалер Пеев направил фаул, потоа дошло до кошкање на играчите на двете екипи. Од таборот на Вардар велат дека на теренот од страна на публиката било фрлено и шише. По тој инцидент судијата одлучил да свири крај. Е сега дали ја прекинал средбата или пак свирнал крај зошто завршил мечот само тој знае.

Инаку резултатот во тој момент бил 1:1. Вардар повел со голот на Стојкоски, а Победа израмнила преку Ангелески од слободен удар.

 

sportmedia.mk