logo
logo
logo

„Императорот“ го продаде целиот имот во Рио, па се всели во хотел

Vecer | 11.03.2021

„Императорот“ го продаде целиот имот во Рио, па се всели во хотел

Некогашниот напаѓач на екипата на Интер, Бразилецот Адриано, и натаму ги е главна вест во бразилските весници, иако одамна не е на теренот. Популарниот Император, деновиве го продал својот луксузен дом лоциран во Рио Де Жанеиро за нешто повеќе од 1,3 милиони евра, па сега планира да си купи нов имот во месноста Бара де Тијука.

Додека чека да најде некоја вила на ова анова локација, тој се сместил во претседателски апартман во хотелот Гранд Хајат. Цената на истиот е само 12.000 евра месечно.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk