Еден од најдобрите словенечки фудбалери, Јосип Иличиќ, утре ќе биде предводник на својата селекција на тест-мечот со Македонија во Скопје. Пред новинарите, денпред мечот фудбалерот на Аталанта ги изнесе своите размислувања за средбата.

„Како и на секој меч, ќе играме на победа, за добар настап. Играме против добар противник, учесник на ЕП. Важно е да се покажеме во вистинско лице. Најбитно е да се победи, а не кој ќе постигне гол. За нас одличен мотив е тоа што играме против Македонија. Играат добро, модерно. Искрено, ќе навивам за Македонија на ЕП и би бил среќен ако гледам некој меч, затоа што ми треба одмор по напорната сезона“.

sportmedia.mk