logo
logo
logo

Иличиќ е нова „жртва“ на карактерот на Гасперини!?

Vecer | 27.02.2021

Иличиќ е нова „жртва“ на карактерот на Гасперини!?

Јосип Иличиќ е веројатно најновата „жртва“ на карактерот на Џан Пјеро Гасперини. Тренерот на Аталанта денеска изјави дека „Иличиќ нема да игра во ваква состојба“.

Тоа многумина го окарактеризираа како „замрзнување“ на Словенецот, кој се најде на клупата на дуелот со Реал Мадрид, и покрај тоа што оваа година имаше неколку добри партии.

„Иличиќ нема да игра во овие услови. Мора да се покаже добро на тренинзите за да се врати во тимот. Екипата може и без него да бележи добри резултати“, рече Гасперини.

Претходно тренерот на Аталанта го „замрзна“ капитенот Папу Гомез кој мораѓе на крај да замине и да се пресели во Севиља.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk