logo
logo
logo

Икарди се степа на дебито за Галатасарај (видео)

Vecer | 17.09.2022

Икарди се степа на дебито за Галатасарај (видео)

Аргентинскиот напаѓач Мауро Икарди дебитираше за Галатасарај во победата со 2:1 над Коњаспор во 7.коло на турската Супер лига. Тој влезе во игра од клупата во второто полувреме и некаде пред крајот на мечот влезе во физичка пресметка со противничките фудбалери. Тој му се фрли на гостинскиот голман Ибрахим Шехич.
Голманот сакаше бргу да ја исфрли топката напред но беше попречен од двајца фудбалери на Галатасарај. Тој остро реагираше по што Икарди се вмеша во пресметката се приклучија и други играчи. Судијата му покажа црвен картон на Шехич, а Икарди заедно со Муслера и Мидшо добија жолти картони.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk