Напаѓачот на Лестер, Келечи Ихеаначо го продолжи договорот со клубот до 2024 година. Веста денеска ја потврдија од составот на „лисиците“.

„Не можам да ги искажам моите чувства. Возбуден сум, среќен, шокиран! Тоа е неверојатен момент, среќен сум што Лестер потпиша нов договор со мене. Одлично се забавувам во овој клуб. Тука има многу добри луѓе со кои се работи со задоволство. Од кога пристигнав во Лестер, ми беше пријатно. Овде сме како семејство. Среќен сум што сум тука и се надевам дека ќе можам да останам во клубот долго време“, рече Ихеаначо.

Ихеаначо одигра 16 натпревари во Премиер лигата оваа сезона и постигна 6 гола.


sportmedia.mk