logo
logo
logo

Играчите на Шалке избегнаа линч од навивачите (ВИДЕО)

Vecer | 21.04.2021

Играчите на Шалке избегнаа линч од навивачите (ВИДЕО)

Тимот на Шалке 04 и официјално, математички испадна од најсилната Бундес конкуренција сезонава. Тимот од Гелзенкирхен ги доживува најтешките моменти во последните неколку децении. Ова се е дефинитивно по синоќешниот пораз на гостински терен од Арминиа Билефелд, по што играчите на Шалке 04 се вратија дома.

Пред нивниот стадион ги чекаше пеколен дочек. Околу петстотини навивачи ги чекаа да се пресметаат со нив, најпрво вербално, а потоа и со фрлање на јајца и факели врз нив. Во еден момент ситуацијата ескалираше па играчите на Шалке мораа да бегаат во буквална смисла за да не дивеат линч од разулавената и очигледно многу лута маса на навивачи.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk