logo
logo
logo

Играч на Вардар заработи парична казна од 50.000 денари и суспензија од два меча

Vecer | 19.03.2021

Играч на Вардар заработи парична казна од 50.000 денари и суспензија од два меча

Комесарот за натпреварување при КФСМ, Сречко Хорват ја изрече највисоката парична казна оваа сезона во Првата лига. Кошаркарот на Вардар, Андреј Делоски во следните две кола нема да има право на настап за својот тим, а притоа ќе треба да плати 50.000 денари.

Ваквата одлука на комесарот доаѓа по забелешката од страна на официјалните лица по завршување на дуелот со МЗТ Скопје 2 во минатото коло. Делоски неспортски го нападнал противничкиот кошаркар, Монгомери. За ваквиот потег заработил исклучувачка, а сега парична казна и суспензија.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk