Десниот бек на Ливерпул Трент Александар-Арнолд покажува драстичен пад на формата оваа сезона. Ако минатата сезона беше фантастичен, оваа не заслужува да биде ниту на клупата, а не на теренот.
Статистиката покажа дека во вчерашниот пораз од Лестер со 3:1, тој ја загубил топката 45 пати при 128 додавања или 35,2% што е најлош резултат од сите играчи во Премиер лигата.
Досегашниот антирекорд по тој показател беше во сопственост на Александар-Арнолд кога против Барнли ја загубил топката 39 пати, додека против Саутемптон 38 пати.
Инаку англискиот репрезентативец држи уште еден антирекорд оваа сезона. На мечот против Барнли во јануари имаше 18 центаршутеви и ниту едно не беше точно.
Ако се земат сите натпревари од почетокот на сезоната па до сега, Арнолд ја загубил топката 525 пати највеќе од сите други играчи во најсилната англиска лига.
sportmedia.mk