logo
logo
logo

Ибраими: Среќен сум што повторно постигнувам голови

Vecer | 15.04.2021

Ибраими: Среќен сум што повторно постигнувам голови

Бесарт Ибраими, бомбардерот на Шкендија, во вистински момент ја најде голгетерската форма. Тој во последните четири меча, постигна пет голови, и имаше голем придонес за одвојувањето на тетовскиот тим на првото место од конкурентите.

„Секако дека се чувствувам добро што повторно влегов во голгетерска форма, и што на секој до последните четири меча постигнував голови. Колективноста е секогаш во преден план, но бидејќи се очекуваат голови од мене, секако дека сум среќен што ја работам својата работа“, рече Ибраими.

Тој немаше седум меча постигнато гол, но одговори со два гола и две асистенции на дуелот со Вардар во победата од 6:1, и од тогаш почна „експлозијата“.

„Секогаш кога играч од нападот нема да постигне гол, тоа не значи дека не му помага на тимот да поебдува. И кога не постигнував гол, тимот победуваше, и тоа е најважно. Работев напорно за да се вратам на голгетерските патеки, бидејќи на тимот сите сме му потребни, и среќен сум што работите се одвиваат според планот“, вели Ибраими.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk