logo
logo
logo

Ибраими: Имав трема, заслуживме барем бод!

Vecer | 26.03.2021

Ибраими: Имав трема, заслуживме барем бод!

Тешки се сите патувања и враќања кон дома со пораз. Романија славеше со 3:2 во премиерниот меч од новиот квалификациски циклус за пласман на СП 2022. Тензичен, драматичен и до последните секунди неизвесен меч во Букурешт. Губевме, се вративме и повтпорно примивме гол по кој неуспеавме да се спасиме од пораз.

А на аеродромот во Букурешт еден од ретките кои беа подготвени за коментар беше Агим Ибраими. По речиси шест години тој е повторно дел од националниот тим.

„Возбуден! Возбуден кога го добив повикот пред некој ден и позитивна трема во моментите кога влегов во игра. Се чувствував како да дебитирам“, кусо коментира Ибраими кој настапи во последните неколку минути од драмата во Букурешт.

„Навистина голема штета! Заслуживме барем бод, многу шанси имавме при 0:0 но ете се спасија фудбалерите на Романија. На пример ден пред дуелот, Нестор двапати на тренинг даде гол од иста ситуација како онаа што ја маше во првиот дел. Буквално иста но ете е сега не сакаше топката да заврши во мрежата. И кога шансите не се реализираат следи казна. Еден па втор гол… И она што е најважно и не е како порано. И покрај негативата од 2:0 нашиот тим не ја загуби желбата за игра, за гол, за успех… Дадовме два гола, заслужено, изработено – перфектно! И кога се вративме, кога се отворија портите дури и за победа се случи тој брз, проклет гол на малиот Хаџи. Голема штета…“, коментира Ибраими кој на времето беше и капитен на националниот тим за кој има постигнато седум голови.

На прашањето како е сега а како беше пред  5-6 години Агим Ибраими коментира:

„Тогаш бев со тим кој се градеше и развиваше а сега сум заедно со  херои. Пласманот на ЕП е голема историја за Македонија и лично мене ми е чест што сум повторно заедено со овие момци.  Овој пораз со Романија не треба да не демотивира. Ништо не е загубено. Следи Лихтенштајн во недела а потоа на гости кај големата Германија. Јас како дел од оваа селекција можам да ветам борба и игра со срце на сите кои сме тука“.

Агим Ибраими сега е член на албанскиот тим Кукс и е најдобар стрелец во лигата на Албанија. Има 32 години и зад себе има успешна кариера играјќи во Лигата на шампионите со Марибор и Астана како и добри денови во Каљари, Олимпија и Шкендија.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk