logo
logo
logo

Ибраими: Голема чест што сум повторно тука, Македонија секогаш го остава срцето на терен

Vecer | 23.03.2021

Ибраими: Голема чест што сум повторно тука, Македонија секогаш го остава срцето на терен

Повратникот во националниот тим Агим Ибраими, ги искажа своите импресии од неговиот „кам-бек“ во националниот тим и тоа што ќе има можност да игра на стартот на квалификацискиот циклус за пласман на СП 2022.

„Полн сум со емоции, ова е голема чест за мене, мотивиран сум секогаш кога сум дел од репрезентацијата, со голема чест и задоволство прифатив да се вратам, и секогаш сум го давал максимумот за Македонија“, рече Ибраими. 

Тој смета дека добрата форма од клубовите, треба да се пренесе и во националниот тим.

„Мислам дека сите играчи се во добар ритам, сите играат во клубовите, и сето тоа треба да го пренесеме и во репрезнтацијата. Секој натпревар да го сфатиме сериозно. Сега сите сериосно ја сфаќаат Македонија, која направи голема работа со пласманот на ЕП. Секогаш се подготвуваме максимално, и секогаш Македонија го остава срцето на терен. Тоа секогаш било така, и ќе биде и понатаму“, рече Агим Ибраими. 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk