logo
logo
logo

Ибрахимовиќ нема да биде обвинет за расизам поради конфликтот со Лукаку

Vecer | 06.02.2021

Ибрахимовиќ нема да биде обвинет за расизам поради конфликтот со Лукаку

Златан Ибрахимовиќ нема да биде обвинет за расистичка навреда на Ромелу Лукаку, откако им објаснил на истражителите на ФИГЦ дека неговиот коментар за „вуду“ се заснова на одредена приказна.

Во пресметката која ја имаа двајцата фудбалери за време на Купот на Италија, напаѓачот на Милан го нарече напаѓачот на Интер „мало магаре“ и му довикна „да ја повикаш мајка ти и да го направи своето вуду ***“.

Ибрахимовиќ цврсто негираше каква било расистичка намера во фразата, а ниту Лукаку го обвини за расизам. Златан им кажал на истражителите дека коментарот за „вуду“ е заснован на многу специфична приказна во англиските весници во 2017 година. кога акционерот на Евертон, Фархад Мошири, во едно интервју тврдеше дека Лукаку одбил да потпише нов договор со клубот откако и се јавил на неговата мајка, која имала „вуду“ и добила порака дека треба да оди во Челзи“.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk