Скај Италија објавува дека Златан Ибрахимовиќ и Ромелу Лукаку парично ќе бидат казнети за инцидентот на Миланското дерби. Фудбалскиот сојуз на Италија водеше детална истрага околу случајот и се реши за ваков вид на санкција иако многумина очекуваа и нешто далеку подрастично.

Не се најдени елементи на расизам од страна на Златан Ибрахимовиќ иако ЛУкаку инсистираше на такво нешто, и тоа секако дека ја олеснува казната.

На клупско ниво, и Интер и Милан се виносни и сносат објективна одговрност за однесување на двајцата фудбалери.

 

 

sportmedia.mk