logo
logo
logo

Ибрахимовиќ е кoсопственик на обложувалница, и му прети суспензија!?

Vecer | 15.04.2021

Ибрахимовиќ е кoсопственик на обложувалница, и му прети суспензија!?

Според денешните пишувања на шведските медиуми, Златан Ибрахимовиќ има сериозен проблем пред себе. Според нив, откриено е дека Ибрахимовиќ е косопственик на онлајн обложувалница која е регистрирана на Малта, и е со назив „BETHARD“, и кое што дејствите секако е строго забрането за професионални фудбалери.

ФИФА и УЕФА имаат етички кодекси кои мора строго да се почитуваат, а тоа особено важи за делот на обложувањето. Ибрахимовиќ ќе мора да докаже дека нема никаква врска со оваа конлајн компанија, или пак доколку има ќе следи суспензија.

Директорот на обложувалницата, Ерик Скарп потврди дека компанијата на Ибрахимовиќ има акции во BETHARD, и дека засега не му е познато дали е покрената некаква постапка. Доколку се ова биде докажани, Ибрахимовиќ ќе биде казнет со 100.000 евра и тригодишна забрана за бавење со професионален фудбал.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk