logo
logo
logo

Иако е во животна форма, Франција не го сака! Зидан со интересен коментар!

Vecer | 23.03.2021

Иако е во животна форма, Франција не го сака! Зидан со интересен коментар!

Реал Мадрид во Ла Лига е на четири бода зад лидерот Атлетико Мадрид, да не беше Карим Бензема оваа негатива ќе беше поголема, а неговиот тим ќе се збогуваше со шансите за напад на титула.

Одличниот француски фудбалер игра во животна форма, со своите голови ги спасуваше „кралевите“ им донесе шест бода во последните два меча во домашниот шампионат. На двете средби постигна четири гола.

И покрај ова, Бензема не се најде на списокот на фрнацуската репрезентација за квалификациите за СП, кои почнуваат оваа недела. Овој подаок ги радува во Реал, поготово тренерот Зинедин Зидан, кој имаше интересен коментар.

„За мене како тренер на Реал е одлично што останува со нас. Мислам дека е сосема логично. Карим прави добри работи, игра феноменално, едноставно тој е спектакуларен“, рече Зидан.

Бензема за Франција од 2007 до 2015 одигра 81 натпревар и постигна 27 гола. Во 2016 година тој се најде на списокот на играчи за ЕУРО во Франција.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk