logo
logo
logo

И ТОА СЕ СЛУЧИ: Мурињо за првпат во кариерата нанижа 10 порази во една сезона

Vecer | 11.04.2021

И ТОА СЕ СЛУЧИ: Мурињо за првпат во кариерата нанижа 10 порази во една сезона

Екипата на Тотенхем денеска загуби на домашен терен од Манчестер Ј. со 3:1 со што португалскиот стратег на клупата на лондончани испиша нов негативен рекорд во својата кариера.

Ова е нов удар за тимот на Жозе Мурињо, кој се бори за пласман во Лигата на шампионите. Поразот од „црвените ѓаволи“ е 10-ти пораз за лондончани оваа сезона, а интересно е што ова е прва сезона во која Мурињо како тренер претрпе 10 порази во првенството.

„Специјалниот“ никогаш порано немал толку порази во една сезона. Само со Челзи во сезоната 2015/2016 имаше девет порази кои на крајот го чинеа отказ.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk