logo
logo
logo

И таткото на Кавани потврди: Едисон сака да се врати во Ј. Америка

Vecer | 09.03.2021

И таткото на Кавани потврди: Едисон сака да се врати во Ј. Америка

Откако вчера италијанскиот новинар Николо Шира објави информација дека Едисон Кавани ова лето си заминува од Манчестер Јунајтед, ваква потврда стигна и лично од таткото на фудбалерот, Луис Кавани. Тој денеска во изјава за аргентинска телевизија рекол дека неговиот син сака да се врати во Јужна Америка.

„Мојот син не се чувствува пријатно во Англија и сака да биде близу до семејството. Тој дефинитивно ќе се врати да игра во Јужна Америка. За Бока јуниорс има некои разговори, затоа што и тој би сакал да игра во овој клуб. Едисон веќе разговараше со Рикелме, но нема договор се уште“, вели таткото на голгетерот.

Кавани се пресели во Манчестер Јунајтед во октомври 2020 година, потпишувајќи договор на 1+1 година.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk