logo
logo
logo

И спортот ќе трпи поради полицискиот час!

Vecer | 09.03.2021

И спортот ќе трпи поради полицискиот час!

Од утре и официјално во земјава се воведува полициски час поради растењето на бројот на заразени со коронавирус. На седница на Владата на Р.М беше прифатен предлогот на комисијата за заразни болести, да се воведе ограничување на движењето на граѓаните, оваа одлука ќе биде на сила до 22. март.

Полицискиот час почнува во 22 часот и истиот завршува следниот ден во пет часот наутро. Ова значи дека ќе има промени во сатницата на одигрување на натпреварите во земјава. Ракометот, кошарката и одбојката се трите спортови чии мечеви се играат во вечерните часови.

Прв натпревар кој е најблиску е дуелот меѓу Македонија и Данска во квалификациите за пласман на ЕП 2022 година. Оваа средба е закажана со почеток во 20 часот, засега нема информации дали истата ќе биде померена за еден час. Истата може да заврши пред почетокот на полицискиот час, па токму затоа можеби нема да има промени во сатницата на одигрување.

Во следните денови кошаркарите и одбојкарите ќе мора да направат корекција на почетокот на своите натпревари доколку истите се подоцна закажани.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk